SEEON МАКЕДОНИЈА претставува интернет платформа наменета да го поттикне развојот на органското производство во Македонија.

Интернет платформата SEEON МАКЕДОНИЈА е дел од регионална интернет платформа seeon.org                                      Оваа регионална платформа има за цел да овозможи развој на органското производство во регионот на југоисточна Европа преку овозможување на размена на информации помеѓу различните чинители во органското производство од земјите во регионот. 

Регионалната платформа претставува иницијатива на Мрежата за органско производство на Југоисточна Европа - South Eastern Europe Organic Network (SEEON) и е изработена со поддршка на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH. Националната платформа SEEON МАКЕДОНИЈА е доверена на уравување на Федерацијата на Производители на Органски Производи на Македонија.